Иран: Руските операции во Сирија се клучни во борбата против ИД

Од:

Заменикот министер за надворешни работи на Иран Хусеин Амир Аболахијан денеска изјави дека руските антитерористички операции во Сирија имаат клучна улога во борбата против припадниците на „Исламска држава“ во регионот.

– Веруваме дека руските акции против терористите во Сирија ќе бидат од клучно значење за борбата против тероризмот во регионот, изјави Аболахијан.

Шефот на иранската дипломатија нагласи дека Техеран и Москва редовно разговараат за активностите на припадниците на ИД во Сирија, како и за можните последици од акциите на терористичките групи во регионот, пренесува ТАСС.

Русија започна со воздушни напади на локации на терористи во Сирија на 30 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска