Иран: Ракетите „Хајбер“ ја пробија одбраната на Израел

Од:

Иранските воздухопловни сили (ИРГК) денес започнаа напад врз Израел, користејќи самоубиствени дронови и напредни ракети „Хајбер“ со касетни боеви глави за да ја заобиколат повеќеслојната воздушна одбрана на Израел.

Ракетите „Хајбер“ наводно ја пробиja одбраната на Тел Авив во масовен заеднички напад, објави иранската телевизија „Прес ТВ“.

Додадено е дека ракетите се распаднале на десетици помали, побрзи боеви глави додека летале кон своите цели, правејќи ги израелските пресретнувачи, вклучувајќи ги „Железната купола“ и „Давидовата прачка“, целосно неефикасни.

Израелската телевизија „Јнет њуз“ објави дека некои од ракетите содржеле касетна муниција, но нема извештаи за повредени. Исто така, се објавува дека од почетокот на војната во саботата, Иран лансирал околу 200 ракети кон Израел, или околу 80 проценти помалку ракети од планираното.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Иранска одмазда: Нападнати се американски воени бази и израелско пристаниште