Обидот на Иран да испрати мајмун во вселената во 2011-та заврши неуспешно. Но, тоа не значи дека се откажуваат. Новиот обид на лансирање е закажан за февруари.
Финалните тестови за лансирање на капсулата која ќе носи мајмун во вселената се завршени”, изјави шефот на иранската свемирска програма Хамид Фазели, а пренесе новинската агенција Мехр.
Обидот за лансирање треба да се случи во периодот од 1 до 10 февруари, со што, исто така, ќе се одбележи и 34 годишнината од Исламската револуција од 1979 година.
Иран досега веќе успешно испраќаше помали животни во вселената: стаорец, желки и црви. Еднаш веќе се обидоа да испратат мајмун во вселената, но овој обид не успеа. Крајната цел на Иран е да испратат свои астронаути во вселената.