Иран повторно ги прекршува одредбите од нуклеарниот договор

Од:

Иран повторно ги прекршил одредбите од нуклеарниот договор со големите сили соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија. Ова би можело да резултира со ескалација на односите меѓу Техеран и Западот.

Во дипломатските кругови во Виена оценката е дека најновиот извештај на Агенцијата ќе ја зголеми напнатоста затоа што во прашање се залихите на Иран со збогатен ураниум кои би можеле да се употребат за правење атомска бомба иако официјален Техеран дементира дека има такви намери.

По преговорите и договорот постигнат во петокот, француското Министерство за надворешни работи соопшти дека „позитивната“ прва недела од преговорите не би требало да биде нарушена со последната иранска провокација.

„Во тој контекст поважно е Иран да се воздржи од било какво понатамошно кршење на обврските затоа што тоа би можело да ја поткопа моменталната динамика на преговорите“ предупредуваат од Министерството за надворешни работи на Фрнација.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана