Иран потврди дека го разгледува мировниот план

Од:

Иран нема повторно да го отвори Ормускиот теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави во понеделник за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.

Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука.

Рамката за прекин на борбите беше изготвена од Пакистан и испратена до Иран и САД преку ноќ, изјави извор на Ројтерс, повикувајќи се на двофазен пристап со итно примирје проследено со сеопфатен договор.

Американскиот портал Аксиос објави синоќа дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.

Според предлогот, Ормускиот теснец би бил повторно отворен, а страните во конфликт би имале помеѓу 15 и 20 дена за да финализираат поширок договор.

Би можело да ве интересира

Објавени детали од преговорите меѓу САД и Иран, се предвидува итно примирје

Иран: Ормутскиот теснец не е затворен за сите

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран

Иран и медијаторите разговараат за 45-дневно примирје, објави Axios

ВИДЕО: Иран одговори на заканите на Трамп

ВИДЕО: Нов термин, вулгарни закани и измешани пораки – Трамп за Иран

Катерина Ѓуровски