Иран постави три услови за премин низ Ормутскиот теснец

Од:

Иран постави три услови за бродовите да минуваат низ Ормутскиот теснец, објави денес новинската агенција Тасним, повикувајќи се на извор во Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој исто така рече дека Техеран ќе го затвори теснецот доколку САД продолжат со поморската блокада.

Според изворите на иранската агенција, првиот услов за минување низ Ормутскиот теснец е бродовите да бидат комерцијални, додека движењето на воени бродови е забрането, а ниту бродовите ниту нивниот товар не смеат да бидат поврзани со „непријателски земји“.

Како што рече тој, вториот услов е бродовите да минуваат низ Ормутскиот теснец по однапред одредена рута, а третиот е нивното минување да биде во координација со иранските вооружени сили.

Изворот објасни дека од почетокот на прекинот на огнот постигнат со посредство на Пакистан, Иран требало да дозволи дневно минување на поголем број бродови, но го суспендирал договорот за минување на бродови низ теснецот бидејќи прекинот на огнот во Либан не бил спроведен и не вклучувал прекин на огнот меѓу Хезболах и Израел.

Тој нагласи дека спроведувањето на некои предуслови, вклучително и прекин на огнот во Либан, било клучно за одлуката на Иран да го отвори повторно Ормутскиот теснец.

Изворот, исто така, предупреди дека доколку американската поморска блокада продолжи, тоа ќе се смета за кршење на прекинот на огнот и ќе биде спречен премин низ Ормутскиот теснец.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави претходно денес дека пловидбата низ Ормутскиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови за преостанатиот период од прекинот на огнот, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан.

„Преминувањето на бродови низ теснецот ќе биде дозволено преку координирана рута, како што веќе објави Иранската поморска организација“, напиша тој на платформата X.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Трамп му покажа на светот дека САД не се семоќни

Првиот крузер помина низ Ормутскиот теснец

Трамп: Иран се согласи на сè

Пезешкијан: Техеран се стреми кон стабилност и ги смета сите исламски земји за „браќа“

Земјотрес во Иран

Горан Наумовски

Иран: Не прифаќаме привремен прекин на огнот со САД