Иран постави нови услови за минување на бродовите низ Ормускиот теснец

Од:

Иран ги извести Советот за безбедност на Обединетите нации и Меѓународната поморска организација дека „непријателски бродови“ можат да поминат низ Ормускиот теснец доколку прво се координираат со иранските власти. Пораката доаѓа во време кога американско-израелската војна против Иран речиси го запре преминувањето на околу една петтина од светската нафта и течен природен гас низ теснецот, предизвикувајќи значителни прекини во глобалните испораки, објави Ројтерс.

Писмото од иранското Министерство за надворешни работи беше испратено во недела до 15-члениот Совет за безбедност и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Исто така, беше проследено во вторник до 176-те членки на Меѓународната поморска организација (IMO), агенцијата на ОН со седиште во Лондон, одговорна за безбедноста на меѓународната пловидба и спречувањето на загадувањето на морето.

„Непријателските бродови, вклучувајќи ги и оние што припаѓаат на или се поврзани со други држави, можат да го остварат правото на безбеден премин низ Ормускиот теснец во координација со надлежните ирански власти. Условот е тие да не учествуваат или да не поддржуваат агресија против Иран и целосно да ги почитуваат објавените безбедносни прописи“, се вели во писмото.

Во писмото се наведува дека Иран „презел неопходни и пропорционални мерки за да ги спречи агресорите и нивните поддржувачи да го искористат Ормутскиот теснец за да спроведуваат непријателски операции против Иран“.

Се додава дека бродовите, опремата и секој имот што им припаѓа на Соединетите Американски Држави или Израел, „како и на другите учесници во агресијата, не се квалификуваат за невин или ненепријателски премин“. „Фајненшл тајмс“ првпат објави дека писмото било дистрибуирано до земјите-членки на ММО во вторник.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите