Иран откри „нова равенка“ за Ормутскиот теснец: Го нарече суверено управување

Од:

Иран воспостави нов систем за контрола на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објавија државните медиуми, разјаснувајќи ги изјавите на претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, дека тие „имаат нова равенка“ за оваа многу важна поморска рута.

Според државната телевизија Прес ТВ, сите бродови што планираат да поминат низ овој тесен и стратешки важен воден пат ќе мора да добијат дозвола од иранските власти преку е-пошта. Техеран ја нарекува оваа иницијатива „систем на суверено управување“.

Од бродовите ќе се бара да ги прилагодат своите операции на новите правила и да добијат одобрение пред да влезат во теснецот, објави Прес ТВ, истакнувајќи дека овој систем веќе стапил во сила во еден од најважните поморски центри во светот.

Иран дополнително го заостри пристапот до Ормутскиот теснец од 28 февруари, кога објави дека нема да гарантира безбеден премин за бродовите поврзани со Израел и Соединетите Американски Држави, по заедничките напади на иранска територија.

Во исто време, иранскиот парламент разгледува закон со кој би се формализирале ограничувањата за бродовите поврзани со Израел и САД, како и би се вовел систем за наплата за други бродови кои не се сметаат за непријателски.

Овие мерки доаѓаат во време на зголемени тензии околу оваа клучна поморска рута. САД, исто така, воведоа ограничувања што влијаат врз бродовите што пловат кон и од иранските пристаништа, по неуспешните разговори за договор за прекин на огнот одржан на 11 и 12 април во Исламабад.

Би можело да ве интересира

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман