Иран: Одмаздата е неизбежна

Од:

Портпаролот на Централната команда на иранските вооружени сили, Хазрат Хатам ал-Анбија, изјави дека вооружените сили на земјата „наскоро ќе одговорат и ќе возвратат“ на „вооруженото пиратство извршено од американската војска“.

– Агресорот Америка го прекрши прекинот на огнот и изврши поморско пиратство пукајќи кон еден од иранските трговски бродови во водите на Оманскиот Залив и оневозможувајќи го неговиот навигациски систем со слетување на неколку од своите терористички маринци на споменатиот брод, се вели во соопштението што го пренесе иранската новинска агенција Тасним.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека американските маринци во Оманскиот Залив ја презеле контролата врз товарниот брод „Туска“ под иранско знаме, кој се обидел да ја пробие американската поморска блокада на Ормутскиот теснец.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека товарен брод под иранско знаме, тежок речиси колку носач на авиони, се обидел да ја заобиколи американската поморска блокада и дека тоа „не им поминало добро“.

Претседателот на САД додаде дека маринците отвориле оган врз бродот и го држат под контрола.

Би можело да ве интересира

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“