Иран: Нова воена вежба, копнени сили на границата со Ирак

Од:

Државната телевизија потврди дека Иранската револуционерна гарда денеска започна вежба на копнените сили во близина на границата со Ирак.

Годишната воена вежба, под името „Голем пророк“, се изведува во југозападниот дел од земјата и има за цел утврдување и проценка на подготвеноста на силите, а во маневрите ќе се користат дронови и хеликоптери.

Во последните месеци Иран ги интензивираше своите воени вежби со цел да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден поради нуклеарниот договор, кој најави дека САД би можеле повторно да се приклучат.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година еднострано ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор, со кој Техеран се согласи да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Откако САД ги вратија санкциите, Иран постепено и јавно почна да ги прекршува обврските од договорот.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он