Иран: Не летајте низ нашиот воздушен простор

Од:

Иран ги советуваше цивилните авиокомпании ширум светот да избегнуваат летови низ иранскиот воздушен простор, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, цитирајќи египетски официјален извор денеска. Иранскиот воздушен простор треба да се избегнува поради воени вежби, додаде цитираниот извор.

Египет претходно денеска им наложи на сите свои авиокомпании утре рано наутро да го избегнуваат иранскиот воздушен простор три часа поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во безбедносното известување испратено до пилотите се вели дека советувањето ќе биде во сила од 3 до 6 часот по средноевропско време.

Не беа дадени повеќе детали зошто е објавено известувањето.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава