Иран не ги дава на Украина црните кутии од паднатиот авион

Од:

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран се пренесени од Иран во Киев, но иранските власти се откажаа од одлуката да ги испратат и две црни кутии од паднатиот авион за тие да бидат прегледани.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Олексиј Гончарук и други високи официјални претставници присуствуваа на церемонијата на преземање на телата на аеродромот „Бориспил“ во украинската престолнина.

Меѓу присутните биле и вработени и колеги на загинатиот персонал од „Интернационал ерлајнс“ на Украина, чиј „Боинг 737“ се урна на 8 јануари набргу по заминувањето од Техеран кон Киев. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Иранската револуционерна гарда призна дека случајно го урнала авионот, но  три дена откако се случи тоа. Иран, исто така, одлучи да се откаже од вчерашната одлука да ги испрати црните кутии во Украина, велејќи дека „црните кутии се наоѓаат во Иран“ и дека „Техеран нема намера да ги предаде на никого“, објави државната новинска агенција Ирна.

Портпаролот на воздухопловните власти Хасан Резаифар изјави дека инспекцијата на тешко оштетените црни кутии ќе биде извршена во Иран и ќе бидат испратени во Украина или во Франција само ако не е можна техничка проценка.

„Но, сè уште не сме решиле“, рече Разаифар.

Еден ден порано, тој рече дека не може да се изврши инспекција на кутиите во Иран, со оглед дека тамошните власти го немаат потребниот софтвер за преземање на податоците.

Би можело да ве интересира

Иранската потпретседателка, исто така, е заразена со коорнавирус

Иран им забрани на Кинезите влез во земјата поради коронавирусот

А1он

Иран: 24 приведени поради ширење гласини за коронавирусот

А1он

Украинскиот премиер демантира дека поднел оставка

А1он

Бројот на починати од коронавирус во Иран достигна 19, заразени се 139 лица

Ана Ололовска

Помпео: Иран крие клучни информации за ширењето на коронавирусот во земјата

Ана Ололовска