Ватикан ги отфрли најновите тврдења на Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, дека иранскиот верски лидер го нарачал атентатот.
Агџа во неколку наврати го менуваше својот исказ, потсетува агенцијата АП.
Тој во книгата “Ми ветуваа рај”, која вчера е објавена во Италија, наведе дека поранешниот ирански духовен лидер, ајатолахот Рухолах Хомнеи наредил да се убие папата. Исто така, тој спомена дека е обучуван да го убие во соработка со припадниците на силите на Хомнеи, откако ќе избега од турскиот затвор.
Агџа нагласи и дека тоа му го рекол на папата Јован Павле Втори, кога тој го посети во затворот.
Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди изјави дека е јасно дека Агџа сака публицитет и дека неговите најнови тврдења практично сите се лажни.
Агџа пукаше и го ранет папата Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година. на плоштадот Свети Петар. Откако помина 19 години во затвор во Италија, тој беше депортиран во Турција, каде што ја одлежа казната за убиството на Абди Ипекчи, левичарски новинар, во 1979 година.. Ослободен е од турскиот затвор на 18 јануари 2010 година.
Потоа беше префрлен во воената болница за да се утврди дали, во 52 година, и понатаму е подготвен за воена служба. Армијата ги отфрли како недостоен да служи воен рок поради “антисоцијално растројство на личноста.”