Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Од:

Иран соопшти дека „линијата на Хасан Насрала ќе продолжи“, и покрај убиството на водачот на либанската милиција Хезболах во израелскиот напад врз нејзиното седиште во јужните предградија на Бејрут, а палестинската организација Хамас соопшти дека „атентатот“ само ќе го зајакне отпорот кон Израел.

– Линија на водачот на отпорот, Хасан Насрала, ќе продолжи, а неговата света цел ќе биде постигната со ослободување на Ерусалим, ако даде Бог, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани на платформата на социјалните мрежи Х.

Во саботата, проиранскиот Хамас објави дека жали за Насрала, откако тој беше убиен во израелски воздушен напад, велејќи дека неговата смрт само ќе ја поттикне борбата против Израел.

„Злосторствата и атентатите на (израелската) окупација само ќе ја зголемат решителноста и истрајноста на отпорот во Палестина и Либан да продолжи со сета своја сила, храброст и гордост чекорите на мачениците и да го следи патот на отпорот до победата и отфрлање на окупацијата“, се вели во соопштението на Хамас.

Смртта на Насрала е тежок удар за Хезболах, кој се соочува со се поинтензивни израелски напади. Тоа е удар и за Иран, со оглед на значајната улога што ја одигра во таканаречената „оска на отпорот“, посочува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава