Иран лансираше 10 балистички ракети врз американската база во Јордан и командниот центар

Од:

Иран лансираше 10 балистички ракети кон американски команден центар на Блискиот Исток, како и кон американската воздухопловна база Ал-Азрак во Јордан, соопшти Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

– Командниот и контролен центар на непријателот на Блискиот Исток и воздухопловната база Ал-Азрак во Јордан беа погодени, соопшти ИРГЦ во соопштение, објави ИРН.

Најмалку три лица загинаа, а 15 се ранети во американскиот напад врз иранскиот крајбрежен град Сирик, изјави денес заменик-гувернерот на иранската покраина Хормузган.

Во исто време, новинската агенција Мерх објави дека експлозии одекнале и во крајбрежниот град Бандас Абас и дека во тој град е активирана воздушна одбрана.

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) претходно денес објави дека тројца членови на формацијата се убиени во американски напади извршени рано утрово во покраината Хузестан, во југозападен Иран.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено