Иран: Ќе се спротивставиме на Израел каде и да е потребно

Од:

Иран силно ќе се спротивстави на Израел каде и да биде потребно, изјави денеска Исмаил Кани, командант на елитните сили Кудс на иранската револуционерна гарда.

„Каде и да ја идентификуваме ционистичката закана, остро ќе им се спротивставиме, тие се премногу мали за да се судрат со нас“, рече Кани, чија единица е задолжена за надворешните операции на Револуционерната гарда.

Командантот вети дека ќе ја поддржи секоја организација која се бори против „ционистичкиот режим“ и додаде дека „уништувањето на овој режим се повеќе напредува“.

Техеран во март ја нападна, како што ја нарече, „тајната израелска база“ за време на ракетниот напад врз Ербил, главниот град на курдскиот регион во северен Ирак, како одмазда за израелските воздушни напади во кои загинаа ирански воен персонал во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија