Иран: Ќе одговориме решително и разорно на секој израелски напад

Од:

Иран денес соопшти дека ќе одговори „решително и разорно“ на секој израелски напад, откако Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски разузнавачки извори, пред неколку дена објави дека Израел можеби подготвува напади врз иранските нуклеарни постројки.

– Тие сакаат да нè исплашат со војна, но погрешно пресметаа бидејќи не се свесни за воената и народната поддршка што Исламската Република може да ја добие во воени услови, рече Алимохамед Наини, портпарол на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Во исто време, во врска со извештаите дека Израел можеби подготвува напади врз Иран, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека САД ќе сносат правна одговорност во случај на израелски напад врз иранските нуклеарни постројки.

Утре Техеран и Вашингтон ќе ја одржат петтата рунда преговори за нуклеарната програма на Иран во Рим. Постои големо несогласување меѓу двете страни околу збогатувањето на ураниум од страна на Иран. САД предупредуваат дека ако Иран продолжи да збогатува ураниум, на крајот би можел да развие нуклеарна бомба. Иран тврди дека развива нуклеарна програма исклучиво за цивилни цели.

Пропаѓањето на американско-иранските преговори или новиот нуклеарен договор што нема да ги ублажи загриженостите на Израел за развојот на нуклеарно оружје од страна на Иран би можел да го натера Израел да започне воздушни напади врз својот најголем непријател, велат дипломати.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, завчера ги нарече барањата на САД Иран да го прекине збогатувањето на ураниум прекумерни и скандалозни, доведувајќи го во прашање успехот на преговорите. Минатата година, Иран и Израел се судрија директно во април и октомври, зголемувајќи го ризикот од регионален конфликт.

Би можело да ве интересира

Трамп итно му се јавил на Путин

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција