Иран: Ќе одговориме на секоја американска закана

Од:

Иран ќе одговори на секоја закана од САД, изјави денеска командантот на Револуционерната гарда Хосеин Салами, додека Вашингтон подготвува одговор за убиството на тројца американски војници за кои ги обвинува милитантите поврзани со Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека одлучил како да одговори на саботниот напад со дрон во Јордан, но не кажа како.

Вашингтон го обвини Кетаиб Хезболах, проиранска милиција во Ирак, за нападот. Групата вчера објави дека ги суспендира воените операции против САД со цел да не предизвика проблеми за владата во Багдад.

„Ги слушаме заканите што доаѓаат од Американците и им кажуваме дека веќе не тестирале и дека ниту една закана нема да остане без одговор“, рече Салами, пренесе агенцијата Тасним.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан беше цитиран од државните медиуми како изјави на состанокот на владата: „САД мора да престанат со заканите и да се фокусираат на политичко решение“.

„Вашингтон мора да го прифати отпорот како факт“, додаде тој, мислејќи на името на Иран за сојуз на вооружени групи низ Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава