Иран ја откажа посетата на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади откако тој изјави дека е против новите американски санкции кон Техеран, но оти мора да ги почитува, истакна неименуван ирачки претставник.
Портпаролот на ирачката Влада, Сад ал Хадити одби да ги коментира наводите за откажаната посета на Иран.
– Можам ли јас, премиер на Иран да ги загрозам интересите на Ирачаните само затоа што ќе заземам став? Не поддржуваме санкции, не мислиме дека тие се адекватни, но сме посветени да го заштитиме нашиот народ, истакна неодамна Абади
Предвидено беше Абади да ги посети Иран и Турција кон крајот на неделата. Посетата на Анкара не е откажана.
Иран одржува блиски односи со ирачката Влада по соборувањето на Садам Хусеин. Багдад истот така соработува со Вашингтон, а повремено е и посредник во разговорите помеѓу Иран и САД.