Иран го осуди земањето заложници во кафуле во Сиднеј од страна на Иранец, што мигрирал во Австралија.
Во соопштение на иранското министерство за надворешни работи се наведува дека нападот е неоправдан.
Иранското министерство нападот, исто така, го оценува како нехуман акт, што предизвикува страв и паника кај луѓето со изговор дека тоа се прави во името на исламот.
Претходно денеска маж повеќе од 16 часа држеше под заложништво вработени и гости во кафуле во центарот на Сиднеј. Во заложничката драма во Сиднеј загинаа три лица, а четири се повредени.
Меѓу убиените е и напаѓачот, соопшти австралиската полиција.