Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американската државјанка Дена Карари, на која ѝ е забрането да го напушти Иран од 2024 година, е ослободена и се враќа во Соединетите Држави.

„Таа сега е безбедна и здрава надвор од Иран“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social, заблагодарувајќи му се на Иран за нејзиното ослободување, објави CNN.

Идентификацијата на Карари ја потврди нејзиниот адвокат, Џаред Генсер, кој рече дека 53-годишната Американка се враќа во Соединетите Држави.

Тој го нарече нејзиното заминување од Иран „мало чудо“, истакнувајќи дека минатата недела доживеала масивен срцев удар и дека имала сериозни загрижености за нејзиното здравје.

Според Генсер, Карари отпатувала во Иран за да го посети семејството, но нејзините американски и ирански пасоши биле конфискувани кога се обидела да ја напушти земјата.

Подоцна била испрашувана неколку пати и ѝ била забранета да ја напушти земјата поради активностите на нејзината хуманитарна организација Deca Mer Foundation, која обезбедувала помош за сиромашните деца во Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он