Иран изврши масовен напад со беспилотни летала врз Израел

Од:

Иранската војска денес објави дека извршила масовен напад со беспилотни летала врз седиштето на израелските сили во областа Бершеба, како одговор на тековните американско-израелски напади врз Иран.

„Иранската армија од утрово го напаѓа седиштето на израелските одбранбени сили на окупираните територии во Бершеба, користејќи деструктивни беспилотни летала лансирани од различни делови на земјата. Бершеба е место на стратешки воени инсталации и инфраструктура на армијата на ционистичкиот режим, вклучувајќи бази поврзани со копнените и воздушните сили“, се вели во соопштението, според иранската Прес ТВ.

Се забележува дека операцијата ќе продолжи во наредните часови со напади од големи размери врз други значајни локации на израелски бази.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран