А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Иран: Израел има терористички режим кој убива деца

by А1он13/06/2025 - 13:28191
Share0

Иранската влада изјави дека израелскиот напад врз земјата, во кој загинаа неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека овој, како што велат, „нелегитимен режим“ не се придржува до никакви меѓународни правила или закони.

Добивај вести на вибер

Во соопштението се нагласува дека Израел „отворено и дрско се вклучува во терор и ги разгорува пламените на војната пред очите на светот“, вклучувајќи ги и западните земји кои тврдат дека ги почитуваат човековите права и меѓународното право.

„Почнувањето војна со Иран е играње со лавовската опашка. Кукавичката ноќна операција за време на дипломатскиот процес за иранското нуклеарно прашање е знак за стравот на овој режим од моќта на Иран да го убеди светот дека иако ние Иранците никогаш не сме започнале ниту една војна во изминатите 200 години, не сме се двоумеле да ја браниме нашата татковина и нема да го сториме тоа“, се додава во соопштението.

Во соопштението се оценува дека израелската инвазија и „кукавичкиот атентат“ врз иранските генерали докажале дека овој режим е терористички по природа, објави агенцијата ИРНА.

Во него се наведува дека одмаздата на Иран е негово „легитимно право“ и дека Техеран ќе одговори остро на „израелскиот терористички режим кој убива деца“.

iraniranska vladaizraelrezim

Би можело да ве интересира

Венс испрати застрашувачка порака до Техеран; Иран има рок до вечерва, во спротивно..

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 17:06

Техеран му одговари на Трамп: Нашиот напад ќе го прекине протокот на нафта од регионот, не ги преминувајте црвените линии

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 16:28

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:36

ВИДЕО: Американците го нападнаа клучниот остров Харг, израелците погодија железнички мост во Иран

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 13:21

ВИДЕО Пукање кај израелскиот конзулат во Истанбул, еден напаѓач е убиен

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 13:0707/04/2026 - 13:21

ВИДЕО: Ирански музичар одговори на повикот на владата, кампува пред електрана

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 10:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто