Иран испрати воени бродови во водите во близина на Јемен

Од:

Иран вчера испрати уништувач и уште еден воен брод во водите во близина на Јемен, во време кога САД ја забрзуваат испораката на оружје на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во борбата против бунтовниците Хути, што го покажува се поголемото мешање на странски сили во јеменскиот конфликт.

Иранскиот адмирал Хабидолах Сајарија за домашната телевизија на англиски јазик Прес ТВ изјави дека иранските воени бродови ќе бидат дел од антипиратска кампања за чување на помроските патишта во регионот.

Критичарите го обвинуваат Иран дека ги вооружува бунтовниците Хути, бидејќи се од шиитска вероисповест, додека Техеран и самите бунтовници го отфрлаат ваквите обвиненија.

Заменикот американски државен секретар Ентони Блинкен за насилствата во Јемен ги обвини бунтовниците Хути и силите лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех, истакнувајќи решеност на САД да ја бранат Саудиска Арабија.

Воздушната кампања на арапските сили, со која се поддржува меѓународно признатиот претседател Хади, кој во меѓувреме е пребеган во Ријад, засега не успева да спречи напредување на бунтовниците во Аден, во јужниот дел на Јемен.

Министерот за надворешни работи Обединетите Арапски Емирати го обвини денеска Иран дека се меша во конфликтот во Јемен и секаде во регионот.

На прес конференција во Дубаи, шеикот Абдула бин Заид ан Нахајан изјави дека арапските земји околу Персискиот Залив имаат слаби надежи за изградба на нормални односи со Техеран.

Заид, исто така, повика за резолуција во СБ на ОН за Јемен со која ќе се вклучат сите страни во дијалогот за решавање на кризата, како и ќе биде ставена забрана за продажба на оружје на хусите и на други бунтовнички групи.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он