Иран има улитматум за Трамп

Од:

Иран ќе потпише мировен договор со Соединетите Американски Држави (САД) само ако ослободат 24 милијарди долари замрзнати средства, пишува британскиот „Телеграф“.

Мохамед Багер Калибаф, главен преговарач на Техеран, и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го издадоа ултиматумот за време на состанокот со катарските претставници во Доха.

Тие инсистираа дека Иран нема да се согласи на никаков договор сè додека половина од замрзнатите средства – околу 12 милијарди долари – не бидат префрлени веднаш по објавувањето на меморандумот за разбирање, додека остатокот ќе биде ослободен во следните 60 дена, објавува „Јутарњи лист“.

– Нашето барање е ослободување на замрзнатите средства, не во иднина, туку веднаш – изјави ирански функционер близок до преговорите.

Без исплата на блокираните ирански пари, нема преговори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во исто време е предупреден дека прифаќањето на таков договор практично би значело дека е подготвен да го награди иранскиот режим – и да плати за завршувањето на војната што ја започна.

Каде се средствата и зошто се блокирани?

Замрзнатите средства што ги бара Иран, пишува британскиот весник, вклучуваат приходи од продажба на нафта и гас, кои со години се блокирани во странски банки поради санкциите на САД. Вкупната вредност на замрзнатите средства на Иран, кои вклучуваат претежно готовина, но и дел од недвижниот имот, се проценува на повеќе од 100 милијарди долари.

Парите главно се наоѓаат во Јужна Кореја, Катар, Ирак, Јапонија, Луксембург, Бахреин, Турција и Германија. Иран ги заработил тие пари, но не можел да ги репатрира бидејќи меѓународните банкарски правила, според ограничувањата на Министерството за финансии на САД, ги направиле таквите трансфери нелегални.

За да бидат ослободени средствата, Вашингтон би морал да:
ги олесни санкциите
обезбеди соработка на странските влади
воспостави механизам што ќе гарантира дека режимот нема да ги користи парите за обновување на својата нуклеарна програма или финансирање на своите регионални сојузници и милиции
Трансферот на милијарди долари во Иран пред да потпише траен договор за ограничување на својата нуклеарна програма тешко дека би наишол на наклонетост кај гласачите на Трамп.

Сојузниците на Трамп го гледаат овој потег како де факто награда за иранскиот режим.

– Тоа е договор што тој не може да си го дозволи – изјави извор близок до претседателот за британскиот „Телеграф“.

Катарското посредништво наводно довело до напредок во техничкиот модел за ослободување на средствата, но иранските преговарачи велат дека ништо не се прави додека парите всушност не пристигнат.

Би можело да ве интересира

САД планираат нови царини за Канада и за Мексико

САД повлекуваат авиони, разорувачи и подморници од НАТО

ВИДЕО: Трамп го собира кабинетот во Вашингтон, договор или враќање на нападите врз Иран

Катерина Ѓуровски

Резаи: Ако продолжиме со војната, ќе им го загорчиме животот на американскиот народ

Иран: Американски авиони ги нападнаа нашите бродови, има мртви

(ВИДЕО) Има загинати во израелско-американскиот напад врз Иран