Иран им го нуди на земјите своето искуство во „победување на Америка“

Од:

Заменик-министерот за одбрана на Иран денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Киргистан.

Алијансата е позната како платформа за земјите да дискутираат за алтернативи на западните блокови, а меѓу учесниците се Кина, Русија и нивните евроазиски соседи, како и Индија.

Според изјавите објавени од државните медиуми, Реза Талаеи-Ник им рекол на колегите дека Иран е „подготвен да ги сподели своите одбранбени воени капацитети со независни земји, особено со земјите-членки на Шангајската организација за соработка“.

„Подготвени сме да ги споделиме нашите искуства во победата над Америка со другите членки на организацијата“, додаде заменик-министерот за одбрана.

Би можело да ве интересира

Детали од најновиот ирански предлог за мир

САД и Иран жестоко се судрија во Обединетите нации

Мерц: Трамп беше надигран и понижен

ВИДЕО: Затворањето на Ормутскиот теснец предизвика домино ефект каков што не е виден половина век

ВИДЕО: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за прекин на војната

Катерина Ѓуровски

Трамп се заканува, Иран е сè потрпелив: Војната донесе повеќе придобивки отколку штета за Техеран