Иран и Русија постигнаа договор за соработка во изградба на нови нуклеарни централи, соопшти денеска иранската информативна агенција ИРНА, пренесува ИТАР-ТАСС.
На последната седница на иранско-руската меѓувладина комисија за економски прашања земјите постигнаа договор за изградба на нови атомски централи, соопшти раководителот на иранската Организација за нуклеарна енергија Али Акбер Салехи.
Иранскиот народ го чекаше пуштањето во употреба на АЕЦ „Бушехр“ 37 години и денеска го постигна посакуваното, нагласи Салехи, додавајќи дека наскоро ќе бидеме сведоци на изградбата на втор блок на „Бушехр“.
Во текот на денот во Иран ќе биде потпишан протокол за предавање на нуклеарната централа на ирански експерти.