Иран денеска повтори дека за 60 дена завршува последната шанса што Европа ја има за спас на нуклеарниот договор од 2015 година.
Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Мусави, Техеран веќе нема да нуди „крајни рокови“ за спас на договорот, пренесоа американските медиуми.
Мусави додаде дека Иран е се уште отворен за преговори со европските партнери и изрази надеж дека ќе преземе натамошни чекори за имплементација на претходно договорените детали.
Ирански официјални претставници претходните денови изјавија дека ќе преземат натамошни чекори за намалување на усогласеноста со договорот, по истекот на крајниот рок.
Иран веќе соопшти дека се наоѓа блиску до надминување на дозволената граница за производство на збогатен ураниум.
Според американските меидуми, Иран врши притисок врз европските партнери за изнаоѓање начин за заобиколкување на американските санкции и оставрување на ветената економска помош.