Иран и Авганистан во борба против тероризмот

Од:

Иран и Авганистан се договорија за размена на разузнавачки податоци за тероризам и екстремизам, соопшти МНР на Иран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот авганистански колега Ашраф Гани постигнаа договор за размена на информации за ситуацијата во авганистански региони на границата со Иран и за извршување заеднички операции против Исламска држава.

– Денес се соочуваме со варварство и сериозна терористичка закана. Секој ден гледаме цивилни жртви. Потребна ни е соработка за да се реши тој проблем, изјави Гани.

Двајцата лидери истакнаа дека потребно е да се соработува и во борбата против трговијата со дрога. 

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава