Иран го предупреди Израел на „цврст и соодветен” одговор

Од:

Иран го предупреди Израел на „цврст и соодветен“ одговор доколку продолжи да напаѓа цели во Сирија, каде Техеран го поддржува сирискиот претседател, Башар ал Асад и неговите трупи во речиси осумгодишниот конфликт против бунтовниците и екстремистите.

Во текот на средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем, секретарот на Националниот совет за безбедност на Иран, Али Шамани изјави дека израелските напади го повредуваат територијалниот интегритет на Сирија и оти се „неприфатливи“.

„Ако продолжат овие акции, ќе активираме некои испланирани мерки како средство за одвраќање и како цврст и адекватен одговор да им одржиме лекција на криминалците и лажните владетели на Израел“, изјави Шамхани.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп