Иран го осуди мешањето на САД во неговите внатрешни работи

Од:

Иран денеска го осуди „мешањето“ на САД во неговите внатрешни работи, откако Стејт департментот ги критикуваше претседателските избори во Исламската република минатата недела, како „нефер и неслободни“.

Ултраконзервативниот Ебрахим Раиси ја доби поддршката на 62 процента од гласовите на изборите кои се одржаа минатиот петок, а повеќе од половина од гласачите не излегоа на гласање откако на многу големи политички фигури им беше забрането да се кандидираат.

Стејт департментот следниот ден соопшти дека жали што Иранците не биле во можност да учествуваат во „слободен и фер изборен процес“.

– Ние ја сметаме оваа изјава како пример за мешање во внатрешните работи на Иран и го осудуваме тоа. Американската Влада не е во можност да коментира за изборниот процес во Иран, ниту на која било друга земја, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеј.

Иран и САД повеќе од 40 години имаат непријателски односи. Тензиите меѓу нив се зголемија откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ја повлече својата земја од клучниот нуклеарен договор во 2018 година и воведе остри санкции против Техеран.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он