Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го обвини денеска Западот дека поттикнува јакнење на исламскиот екстремизам со тоа што недоволно ги штити правата на муслиманските имигранти.
Зариф во обраќањето пред Советот за човекови права на ОН во Женева изјави дека „значаен број“ од оние кои се приклучиле на групата Исламска држава (ИД) се имигранти од втора генерација од земјите на западната демократија.
Тој истакна дека некои од оние кои „обезглавуваат невини цивили зборуваат европски јазици со акцент карактеристичен за овие земји“, притоа мислејќи на Мохамед Емвази, познат како „Џихадистот Џон“, кој е прикажан во неколку пропагандни видео снимки на ИД како убива заложници.
Минатата недела е откриен идентитетот на „Џихадистот Џон“, за кој е наведено дека е роден во Кувајт, но живеел во Лондон.