Иран го исмејува повикот да се разоружа Хамас

Од:

Шефот на иранските елитни Иран Сили Кудс го исмеа повикот за разоружување на Хамас и ги повика палестинските исламистички организации да ги претворат земјата и небото во пекол за Израел.

Пораката од генерал-мајорот Касем Сулејмани до милитантните институти кои пружаат отпор на израелската воена операција во Појасот Газа е објавена доцна синоќа од страна на иранската новинарска агенција ИРНА.

Сулејамни истакна дека спротивставувањето на ционистичкиот непријател е потреба и палестинското движење на отпорот ќе ги претворат земјата и небото во пекол за ционистите.

– Разоружувањето на отпорот е сон кој ќе се оствари само на гробишта за Израел, изјави Сулејмани.

САД и европските земји повикаа на прекин на огнот во разорните судири во Газа и разоружување на милитантните организации во таа територијата, особено Хамас.

Силата Кудс е гранка на иранската Револуционерна гарда, дејствува во тајност и изведува безбедносни мисии во странство, за кои смета дека се неопходни за да се заштити Исламската Република, наведува АФП.

Лидерот на Кудс, Сулејмани, ретко се споменува во иранските медиуми, но се смета за еден од највлијателните безбедносни оперативци на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас