Иран е подготвен да го пренесе збогатениот ураниум во Кина со гаранции од Пекинг

Од:

Иран е подготвен да го премести високо збогатениот ураниум од својата територија, но под услов да биде префрлен во Кина, објавија денес „Ал Арабија“ и „Ал Хадат“, повикувајќи се на извори.

Тие додадоа дека Техеран бара гаранции од Пекинг пред да постигне евентуален договор со САД.

Иран инсистира дека Кина има улога на гарант во секој евентуален договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Изворите исто така рекоа дека командантот на пакистанската армија, Асим Мунир, би можел да отпатува во Доха како дел од дипломатските активности поврзани со преговорите.

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во Пекинг порано денес, додека продолжуваат дипломатските напори за завршување на војната со Иран, објавија кинеските државни медиуми. Кинеската новинска агенција Ксинхуа соопшти дека Шариф разговарал и со кинескиот премиер Ли Кечијанг, вториот највисок функционер во Кина.

Извори на Ал Арабија и Ал Хадат изјавија дека Асим Мунир присуствувал на состанокот на пакистанската делегација со кинескиот премиер и дека Исламабад силно го поддржува вклучувањето на Пекинг како гарант за секој потенцијален договор меѓу САД и Иран.

Пакистанската државна телевизија објави дека Мунир, за кој се вели дека е главен преговарач во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, отпатувал во Кина со премиерот Шехбаз Шариф за да се сретне со кинески дипломати.

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Гарибабади: Нема да чекаме САД први да нападнат