Иран: Државите од Персискиот Залив да ги протераат американските сили

Од:

Портпаролот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Разеи, денес им порача на земјите од Персискиот Залив да ги протераат американските трупи од своите територии пред САД да започнат каква било евентуална воена акција против Иран.

– Додека (претседателот на САД Доналд) Трамп не нареди следен напад, земјите во регионот имаат време да прогласат и спроведат трајно протерување на Американците од своите земји. Не се жалете подоцна, рече Разеи, додавајќи дека планот на Иран е да го натера Трамп да доживее „политички и економски банкрот, објави Press TV.

Трамп претходно се закани дека ќе започне нови напади врз Иран ако дипломатските разговори не завршат со договор.

Привременото примирје меѓу САД и Иран стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, додека преговорите во Исламабад се во застој.

Би можело да ве интересира

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман