Иран ѝ дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија пристап до две локации

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и иранските власти соопштија дека постигнале договор и дека Техеран се согласил да им обезбеди на инспекторите пристап до две локации, за кои се верува дека се поранешни складишта за нуклеарни материјали.

„Иран доброволно ќе и обезбеди на Меѓународната агенција за атомска енергија пристап до двете места што ги има определено“, велат директорот на агенцијата Рафаел Гроси и директорот на Организацијата за атомска енергија на Иран Али Акбар Салехи во заедничкото соопштение.

Во соопштението се наведува дека е договорен датумот на пристап до овие локации.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски