Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф побара од ОН да стават крај на „бессмислените воздушни напади“ на арапската коалиција, предводена од Саудсика Арабија, врз шиитските бунтовници во Јемен и прогласување примирје во конфликтот во оваа земја.
Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, Зариф оденува дека бомбите разурнуваат болници, училишта, патишта, фабрики за храна и електроцентрали и ја зголемуваат хуманитраната криза која се доближува до „катастрофални размери“.
– Од оваа кампања најголема полза имаат терористичките групи, кои се здобиваат со стратешки позиции во Јемен, благодарејќи на странските воздушни напади, наведува Зариф во писмото, додавајќи дека не постои воено решение за јеменскиот конфликт.
Иран вчера предложи мировен план за Јемен од четири точки, во кој се повикува за прекин на огнот и запирање на нападите на арапската коалиција, диставување на хуманитрана помош, преговори меѓу сите страни во конфликтот со меѓународно посредништво и создавање јеменска влада на национално единство.