Иран бара воена репарација, целосен суверенитет над Ормутскиот теснец…

Од:

Иранските државни медиуми го прикажаа американскиот предлог за прекин на војната на Блискиот Исток како повик до Техеран да се предаде. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се поклони пред „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, коментираше денеска Прес ТВ, телевизиска станица поврзана со иранското раководство.

Спротивно на тоа, иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидува дека САД мора да платат воени репарации, објавија државните медиуми. Според иранските државни медиуми, Техеран, исто така, побара целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот.

Според извештаите, раководството во Техеран го отфрли американскиот предлог.

Трамп претходно го критикуваше одговорот на Иран на американскиот предлог насочен кон прекин на војната како „ЦЕЛАСНО НЕПРИФАТЛИВ“. Тој за новинската веб-страница „Аксиос“ изјави дека ќе го отфрли „несоодветниот“ одговор на Иран.

„Не ми се допаѓа нивниот одговор“, рече Трамп, одбивајќи да даде дополнителни детали за содржината на писмото.

Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи иранска одмазда против Израел и американските сојузници во Персискиот Залив, како и затворање на Ормутскиот теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со пакистанско посредништво, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор.

Прекинот на огнот подоцна беше продолжен на неодредено време од американскиот претседател Доналд Трамп за да се отвори патот за дипломатија и трајно решение на конфликтот.

Трамп не кажа дали САД ќе продолжат со преговорите. Спорот околу нуклеарната програма на Иран не беше споменат во одговорот, според извештаите, според Дпа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јемен повторно во пламен: Воздушни напади врз Хутите и главниот град Сана

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Катастрофа кај Спокејн: Уништени најмалку 700 објекти, евакуирани над 60.000 жители

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа