Иран: Ако се случи конфликт ќе ги „прегазиме“ американските бази

Од:

Доколку нуклеарните разговори не успеат и се случи конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот, изјави денес иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде, неколку дена пред планираната шеста рунда иранско-американски нуклеарни разговори.

„Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Доколку ни се наметне конфликт, сите американски бази се во наш дофат и ние смело ќе ги таргетираме во земјите домаќини“, рече Насирзаде за време на прес-конференција.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе го бомбардира Иран ако не постигне нов нуклеарен договор, објави Ројтерс.

Следната рунда разговори е закажана за оваа недела, при што Трамп изјави дека разговорите ќе се одржат во четврток, додека Техеран вели дека ќе се одржат во недела во Оман.

Се очекува Иран да поднесе контрапредлог на претходната понуда на САД за нуклеарен договор што Техеран ја отфрли, а Трамп во вторникот предупреди дека Иран станува „многу поагресивен“ во нуклеарните разговори.

Би можело да ве интересира

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Иран има нова мета

Иран нуди речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“