Иран: Ако САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

Од:

Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.

Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека тоа е една од клучните опции што ќе се дискутираат во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на друг напад би можела да биде збогатување од 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, рече Резаи.

Нуклеарните централи обично бараат збогатен ураниум од 3 до 5%, додека нуклеарното оружје бара ниво од 90%.

Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослаби нивната преговарачка позиција. Да потсетиме дека Трамп ја оправда војната токму со тврдењето дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација