Иран: Ајатолахот Хамнеи не присуствува на погребот за израелските воздушни напади

Од:

Голем број високи ирански функционери се придружија на масовниот погреб во Техеран за загинатите во израелските воздушни напади, но според извештаите на меѓународните медиуми, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не бил присутен.

Хамнеи (80), кој не се појавил во јавноста од почетокот на конфликтот Иран-Израел, сè уште не го коментирал државниот погреб на 60 високи воени функционери, нуклеарни научници, жени и деца убиени во 12-дневниот конфликт, објавува CNN.

Хамнеи прогласи победа во конфликтот со Израел и покрај бројните смртни случаи на ирански функционери и нападите врз иранските нуклеарни постројки.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација