Ирак: Победата во Мосул е прашање на време, ИД ги губи последните метри

Од:

Ирачката државна телевизија објави денеска дека безбедносните сили во земјата очекуваат да воспостават целосна контрола врз градот Мосул, бидејќи џихадистичката група Исламска држава има само уште „неколку метри“ територија која ја контролира.

– Ги гледаме последните метри од борбата, по што ќе биде прогласена победа. Во прашање се часови, соопшти презентерката на ирачката телевизија, цитирајќи го дописникот кој се наоѓа заедно со безбедносните сили.

Ирачките сили водат борби со ИД, која е утврдена во Стариот град во Мосул.

Портпаролот на војската истакнал дека одбранбените линии на бунтовниците почнуваат да се уриваат.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак