Ирачката Влада побара од Јордан помош во борбата против џихадистите во западната проивинција Анбар.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади за време на вчерашната посета на Аман со јорданските владини претставници разговарал за борбата против тероризмот и Јордан да им помогне на ирачките сили во ослободување на провинцијата Анбар.
Јордан е втора држава која Ал Абади ја посетува откако стана премиер. НА средбите се разговарало и за транспортот на нафтените деривати преку Јордан односно за изградба на нафтоводот до јорданското пристаниште Акаба на Црвено Море.
Ирачката провинција Анбар граничи со Јордан и со Сирија. Таму борби се водат уште од минатата година, а илјадници луѓе побегнаа во помирните региони на Ирак.