Лидерот на сунитската џихадистичка група „Исламска држава“, Абу Бакр ал Багдади, се наоѓа меѓу ранетите во последните американски воздушни напади во Ирак, потврдија ирачките министерства за внатрешни работи и за одбрана, цитирани од ТАСС.
– Потврдена е информацијата за ранувањето на Абу Бакр ал Багдади по воздушниот напад на коалицијата, што беше изведен врз зграда во градот Мосул, каде во петокот, во текот на ноќта, било собрано високото раководство на групата, изјави ирачкиот министер за одбрана Халед ал Обеиди.
Соопштението на Министерството за внатрешни рабокти го лиферуваше телевизијата „Ал Иракија“.
Претходно беше соопштено дека по нападите на ирачките военовоздухопловни сили на западот од Багдад бил ранет и Абу Хазифа ал Јамани, заменикот на Ал Багдади. Тој бил одговарен за затворот во Фалуџа и бил соучесник во борбите со десетици ирачки војници.
Во нападите биле уништени уште 27 терористи, вклучувајќи и 11 странски платеници, потсетува ТАСС.