Ирачките впадини сили денеска ја пробија блокадата, штоборците на Исламска држава (ИД) ја имаа наметнато врз градот Ал Багдади, во западната провинција Анбар, пренесе ДПА, повикувајќи се на извор од силите за безбедност.
Според него, армијата заедно со борци од локалните племиња, ги потиснале екстремистите на еден километар од градот, чии жители од минатата недела беа лишени од испораки на храна и медицински материјали.
Претседателот на градската управа на Анбар, Сабах Кархут, прецизира дека денеска ирачката армија, со помош на воздушните напади на меѓународната коалиција, почнала офанзива за протерување на ИД од Ал Багдади.
Градот се наоѓа на пет километри од важната воено воздухопловна база „Аин ал Асад“.