Ирачките сили го заземаа градот Хавиџа од екстремистичка Исламска држава, соопшти денеска ирачката армија.
– Ирачките воени сили, полицијата и паравојската го ослободија целиот центар Хавиџа и продолжуваат да напредуваат, изјави командантот на операцијата Абдел Амир Џаралах.
Единственото упориште на екстремистите од Исламската држава, сега им е во северниот дел на Ирак – регионот по западната граница со Сирија.