Висок командат од војската на Ирак денеска изјави дека ирачките сили ги протерале силите на т.н.Исламска држава од најголемата населба во западниот дел на Мосул.
Поручникот на специјалните единици генерал Абдул Вахап Ал Сади изјави дека населбата Ал Танек е целосно ослободена и под контрола на безбедносните сили, но не даде повеќе детали.
Мосул, кој е втор најголем град во Ирак, падна под контрола на ИД во летото 2014 година.