Ирачките шиитски борци планираат офанзива во Сирија

Од:

Коалицијата на ирачките шиитски паравоени групиНародна мобилизација, која ја има поддршката на Иран, денеска најави дека откако „ќе го исчистат“ Ирак од припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД), планираат да преминат на територијата на Сирија и да се борат на страната на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад.

– Откако ќе ја исчистиме нашата теритоија од терористичките банди, подготвени сме да одиме на кое било место за да се бориме против секоја закана за националната безбедност на Ирак, изјави на прес-конференција во Багдад портапролот на коалицијата Народна мобилизација, Ахмед ал-Асади.

Борците на Народната мобилизација веќе се вклучени во операцијата на ирачката армија за потиснување на ИД од Мосул, а дел од нив денеска започнаа и офанзива за преземање на градот Тал Афар од џихадистите.

Тал Афар се наоѓа западно од Мосул и евенталното негово преземања од страна на шиитските паравоени групи, ќе ја прекине врската на ИД во Ирак со териториите под нејзина контрола во Сирија.

Низ Тал Афар минува главната сообраќајница меѓу Мосул и сирискиот град Рака, кој важи се престолнина на т.н. Исламски Калифат што го прогласи ИД.

Би можело да ве интересира

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

ВИДЕО: Масовна гробница со 100 000 илјади тела откриена во Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените