Ирачките демонстранти бараат повлекување на американските трупи

Од:

Десетина илјади ирачани маршираа денес на наговор на популарниот свештеник Моктада ал-Садр, нагласувајќи го силното американско влијание во земјата.

Групата која демонстрираше била со јасен став веднаш Вашингтон да нареди повлекување на своите трупи.

Околу плоштадот Хурија во Багдад, улиците биле исполнети со боите на Ирак, народот со високо исправени знамиња испратил порака дека повеќе нема да ја толерира слабоста на иракчата влада што не е во можност да се справи со притисоците од САД, особено по убиството на познатиот генерал на ирачкото тло.

„Не сакаме ниту еден од нив, не ги сакаме“ кажал еден од демонстрантите. „Америка изгради систем во кој ние денес живееме и истиот не остави без иднина. Иран ја третираше оваа држава како нејзин двор. Ние нив не ги сакаме овде“ додаде демонстрантот.

 

 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија