Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и официјално прогласи победа врз Исламска држава во Мосул, со што е забележан најголемиот пораз на исламистичката групација откако прогласи калифат пред три години.
– Го објавувам оттука крајот, поразот и колапсот на терористичката држава на лагата и тероризмот, која ИД ја прогласи во Мосул, изјави тој во говор, кој е пренесен преку државната телевизија.
Со падот на Мосул практично се одбележува крај на ирачкиот дел на калифатот на ИД, кој ја вклучува и сириската територија.
Сепак ИД и натаму контролира територија западно и јужно од градот.